Околу 70 илјади домаќинства во Одеса синоќа биле без електрична енергија

Околу 70 илјади домаќинства во украинскиот град Одеса синоќа биле без електрична енергија, соопшти во редовното вечерно видео-обраќање до нацијата украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Во текот на целиот ден во Одеса се работеше на обновување на снабдувањето со електрична енергија. Поголемиот дел од корисниците веќе имаат струја, но се уште има работа“, посочи тој.
Зеленски им се заблагодари на сите вработени во техничките екипи и во енергетските компании, како и на припадниците на Државната служба за вонредни ситуации, кои учествуваат во обновувањето на снабдувањето.
„До вечерва околу 70 илјади семејства се уште беа без струја. Сите неопходни ресурси се мобилизирани“, додаде украинскиот претседател.
Руските сили во ноќта спроти 9 август го нападнаа црноморскиот пристанишен град Одеса со балистички ракети и ударни дронови. Во нападот беа повредени најмалку 12 лица, а беше причинета и материјална штета на инфраструктурата.
МИА
Ново на Сител
-

Премиерот Мицкоски е подготвен за средба со Радев во секој момент, но нема иницијатива
-

Километарски колони на Табановце откако системот Безбеден Град почнува да казнува и странци
-

ВМРО-ДПМНЕ бара истрага за извештаите за загадена вода во Гостивар додека Венко Филипче бил министер
-

Над 10.000 овци угинаа во Македонија од овчи сипаници, сточарите бараат итни мерки за заштита
-

Разнесени трупови на еутанизирани овци, сточарите бараат итна реакција од АХВ
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на Владата
-

Здравство преку СМС ќе ги информира граѓаните од засегнатите општини како да се заштитат од западнонилска треска
