Свет
9. јуни 2025 - 13:54

Околу 60 демонстранти приведени во Сан Франциско

И во Сан Франциско вчера имаше протести поради политиката на администрацијата на Доналд Трамп за борба против нелегалната имиграција, при што се приведени околу 60 лица, а тројца полицајци се повредени.

Според полицијата, приведените станале „насилни и почнале да извршуваат кривични дела, од физички напади до тежок вандализам и уништување на имот“, поради што во еден дел од градот е прогласен нелегален собир.

Протести и немири вчера имаше и во Лос Анџелес.