Околу 3.500 домаќинства во северното предградие на Атина веќе четврти ден се без струја
Околу 3.500 домаќинства од седум населби во северното предградие на областа Атика, поширокиот регион на Атина, сѐ уште се без електрична енергија поради снежната бура што го зафати конкретниот дел во понеделникот вечерта и во вторникот.
Од Операторот на мрежата за дистрибуција на електрична енергија соопштуваат дека нивните екипи продолжуваат да работат на терен за санирање на дефектите во конкретните населби.
Поради снежната бура во северниот и источниот дел на областа Атика, падот на дрвја и гранки предизвикаа штети на каблите за струја, а одредени домаќинства над три дена беа без електрична енергија.
За илјадниците домови што останаа без струја, на сметките за месец февруари ќе биде одземен трошокот за дистрибутивната мрежа.
Од опозициската СИРИЗА, преку пратеничко прашање на 34 пратеници до надлежните министри прашуваат кој ќе ја преземе одговорноста за „криминалната неспособност на државниот механизам“ и за трагичната ситуација во северните и источните предградија на Атика.
Пишуваат дека според процените на општините, над 250.000 домаќинства повеќе часа останаа без струја, вода, греење и со неисчистени улици од снегот.
Според грчката метеоролошка служба, снежната бура што од понеделникот вечерта ја зафати областа Атика, поширокиот регион на Атика, била најсилна во изминатите 40 години, а снегот паѓал 36 часа во Атика и 24 во Атина и достигнал висина околу 20-25 сантиметри.
Ново на Сител
-
Двојно убиство и самоубиство во Велес
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски
-
Двојно убиство и самоубиство во Велес
-
300 пати над дозволеното присуство на јаглерод моноксид
-
Пожарот во Трубарево е изгасен, на Дрисла се уште чади
-
МВР ќе ги засилува капацитетите и контролата на депониите и критичните точки на палење
-
Лица со хронични респираторни болести и децата најмногу на удар од загадениот воздух