Балкан
5. March 2016 - 18:00

Околу 3.350 мигранти денеска пристигнале на пристаништето Пиреја

Илјадници бегалци и мигранти продолжуваат да пристигнуваат со фериботи на пристаништето Пиреја, каде само денеска таму се пренесени околу 3.350 лица.

Најновите бегалци се префрлени во времени центри на пристаништето. Тие се транспортирани од островите Хиос, Лезбос, Кос и Калимнос.

Според податоците на Високиот комесаријат на ОН за бегалци моментно во Грција има околу 30.000 мигранти, од кои една третина чекаат во Идомени на границата со Македонија.