Околу 330 американски маринци ќе бидат распоредени во Норвешка
САД ќе испратат над 300 војници во Норвешка, соопшти денеска норвешката Влада.
Норвешка граничи со Русија и распоредувањето на американски војници во земјата може да ја вознемири Москва.
Околу 330 американски маринци ќе бидат распоредени во Вернес, во близина на Трондхајм, централна Норвешка, на околу 1.000 километри од руско-норвешката граница на Далечниот Север. Маринците ќе се обучуваат и ќе учествуваат во воени вежби во арктички услови.
- Заштитата на Норвешка зависи од сојузничката поддршка и од одлучувачко значење за норвешката безбедност е нашите сојузници да дојдат и да се запознаат за акциите во Норвешка. Тоа е уникатна можност нашата армија да се обучува со американси војници во норвешки услови, изјави министерката за одбрана Ине Ериксен Сорајде.
Распоредувањето е на иницијатива на САД, а се очекува американските војници да пристигнат во Норвешка следната година.
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива