Свет
7. September 2024 - 8:48

Околу 30 проектили истрелани од Либан кон Израел, нема жртви

– Околу 30 проектили утринава се истрелани од Либан кон областа Мерон во северниот дел на Израел, соопшти израелската армија.

Сите ракети паднале на отворени подрачја и нема жртви, се наведува во соопштението, пренесува Тајмс оф Израел.

Војската, исто така, соопшти дека во текот на ноќта извршила напад врз ракетен фрлач на Хезболах во Либан и објави видео од нападот.