Македонија
19. August 2021 - 8:57

Околу 30 минути се чека на ГП „Табановце“

Околу 30 минути утринава се чека на граничниот премин Табановце за излез од државата, информира Авто мото сојузот на Македонија.

На останатите гранични премини, според АМСМ, нема подолги задржувања за влез и излез од земјава.

Низ државава, сообраќајот се одвива непречено по суви коловози. За утре, во периодот меѓу 11:30 и 14:30 часот, најавен е времен сообраќаен режим на патот Кичево-Охрид, поточно на делницата Пресека-село Врбјани. Прекините ќе бидат во времетраење од 15 до 20 минути.