Околу 1,1 милион бегалци од Украина пристигнале во Германија минатата година
Околу 1,1 милион бегалци пристигнале во Германија од Украина во текот на минатата година, со што го надминале приливот на мигранти од Блискиот Исток од 2014 до 2016 година, соопшти денеска германскиот Завод за статистика.
Како што се наведува, две третини од доселениците од Украина пристигнале
во првите три месеци по руската инвазија на таа земја или меѓу
март и мај минатата година.
Податоците беа објавени во пресрет на годишнината од почетокот на инвазијата на 24 февруари која доведе до раселување на милиони Украинци.
Не сметајќи ги тие кои се вратиле во Украина, минатата година во Германија останале 962.000 украински бегалци, што е повеќе од вкупниот број
од 834.000 кои дошле од Сирија, Авганистан и Ирак меѓу 2014 и 2016 година.
Германскиот завод за статистика посочува дека тоа ги направило граѓаните на Украина втора по големина иселеничка заедница во Германија по турските граѓани.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ на седници на Извршниот и Централниот комитет ги утврдува предлозите за министри од својата партија
-
Тема на денот со воениот аналитичар Милан Стефаноски
-
Наместо во подземни контејнери штипјани сметот го одлагаат врз нив
-
ВМРО-ДПМНЕ на седници на Извршниот и Централниот комитет ги утврдува предлозите за министри од својата партија
-
Силјановска Давкова: Војната во Украина не е украински, туку европски и светски проблем
-
Ново поскапување на лебот ако се зголеми цената на струјата
-
Дали само итни пациенти се снимале на Институтот за радиологија поради технички проблем во петокот?
-
Детектор: Интернетот и социјалните мрежи штетно влијаат врз децата