Околу 10.000 евакуирани поради голем пожар во јужна Франција
Марсеј, 26 јули 2017 (МИА) - Речиси 10.000 лица се евакуирани минатата ноќ од делови на францускиот град Борм ле Мимоза, поради големиот шумски пожар што го зафати реонот југоисточно од ова популарно туристичко место на Азурниот Брег.
Претставник на локалната противпожарна бригада информира дека наредбата за евакуација била донесена откако огнот се доближил до првите куќи и вили во градот.
- Сранува збор за станбена зона, каде населението во текот на летото се зголемува двојно, па дури и тројно, нагласи тој, додавајќи дека пожарот досега уништил најмалку 400 хектати површина.
Властите на францускиот регион Прованса-Алпи-Азурен Брег вчера соопштијја дека оваа летна сезона пожарите во југоисточна Франција досега уништеле над 3.000 хектари површина, а биле евакуиран жителите на неколку десетици станбени објекти.
Пожарите се последица на топлото и суво време што ја зафати јужна Франција ова лето.
Ново на Сител
-
Се урна хеликоптерот во кој патуваше претседателот на Иран
-
Велешанец собирал печурки, во коленото му влегол проектил од огнено оружје
-
Пронајдени мигранти од Ирак и Турција
-
Возач и сопатничка повредени во сообраќајка на експресниот пат Штип-Радовиш
-
Мицотакис ја повикува Силјановска Давкова да избегне „слични незаконски и провокативни“ постапки
-
Стабилна состојба на работникот, кој се здоби со тешки повреди во лифт во штипски угостителски објект
-
Гостивар: Двајца возачи се судриле со три паркирани возила
-
Иран ќе гради ѕид на границата со Авганистан