ОЈО Струга гони три лица за трговија со дрога
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга донел наредба за спроведување истражна постапка против три лица, државјани на Република Албанија, за сторено кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според Кривичниот законик.
– Осомничените вчера околу 1:40 часот како соизвршители неовластено заради продажба пренесувале шеесет и девет килограми и триста и десет грама дрога – марихуана. Дрогата претходно ја спакувале во црни најлонски ќеси и ја пренесувале на магистралниот пат Струга – Ќафасан во близина на село Франгово. При што биле откриени и приведени од страна на овластени службени лица на Министерството за внатрешни работи, соопшти ЈОРМ.
Надлежниот обвинител ценел дека постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, поради што до судија на претходна постапка од Основниот суд Струга доставил предлог за определување на мерката притвор за тројцата осомничени.
Ново на Сител
-
Љупчо Палевски Палчо екстрадиран од Турција и сместен директно во Истражниот затвор во Шуто Оризари
-
Тема на денот со Горан Илијевски - Партија на Македонците во Србија
-
Атентат врз словачкиот премиер
-
Флекс кредит и СОС Детско Село заедно за Денот на семејството
-
Предизборниот и постизборниот период продуцира економска криза, сметаат економистите
-
Со нож и се заканија на претседателката на Уставен Кацарска
-
Запален службениот автомобил на директорот на Идризово- оштетена и блиската зграда
-
Уставен го одби барањето на судиите да го врати коефициентот за повисоки плати