OJO со детали за убиството во Капиштец: Пијан пукал во арачиновецот па со кундакот го удирал по главата

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место во казино на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје, каде едно лице беше лишено од живот утринава.
Според првичните сознанија, починатиот маж на возраст од 46 години, во казиното пристигнал заедно со уште три лица, во видно алкохолизирана состојба. Извесно време играле на апаратите, а потоа жртвата започнал да се расправа и да се турка со едно од лицата со кои бил заедно во казиното. Другите двајца се обиделе да ги раздвојат, но осомничениот извадил пиштол и неколкупати пукал во оштетениот. Потоа со кундакот од пиштолот го удрил повеќе пати во пределот на главата. Жртвата им подлегнала на повредите на лице место. Се трага по лицето за кое постои сомнение дека го извршило убиството.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција. Ќе се врши вештачење на траги и докази подигнати од лице место и ќе се разговара со сведоци на настанот. Обезбедени се снимки од видео надзорот на објектот.
Ново на Сител
-

Николоски и Караџов го потпишаа Договорот за железничкиот тунел на Коридор 8
-

ДИК ги објави конечните резулати за избор на градоначалници во 29 општини и Град Скопје
-

Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица
-

Муцунски: И покрај сите геополитички предизвици, надворешната политика на државата е највисоко оцената во Извештајот на ЕУ
-

Средба Мицкоски - Рокас за Извештајот на ЕК
-

Во Тетово пронајдена мртва 25-годишна Косовка
-

Запленети 2541 килограми небезбедна храна со непознато потекло
-

Ден на жалост во Федерацијата БиХ и Црна Гора по пожарот во Домот за стари лица во Тузла
