ОЈО Скопје со истрага за две лица за неовластено производство и пуштање во промет марихуана
Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против две лица поради постоење основано сомнение дека во соизвршителство сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
Осомничените, во куќа во која привремено престојувале во скопско Визбегово, соопшти денеска ОЈО, неовластено заради продажба држеле марихуана со вкупна нето маса од 5.890,21 грам.
– При претрес на домот, осомничената била затекната како во дворот на куќата фрла од прозорецот црна полиетиленска ќеса во која била спакувана марихуана со нето маса од 1.860,8 грама. Останатата дрога била пронајдена во неколку различни пакувања при преглед на блиската околина на домот во кој престојувале заедно со осомничениот, стои во соопштението.
Надлежниот јавен обвинител проценил дека се исполнети законските услови, односно дека постојат околности што укажуваат на опасност од бегство на осомничените, па до судијата на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1 Скопје достави Предлог за определување мерка притвор.
Ново на Сител
-
Христовски од АНБ: Незаконско следење имало, на ред е Обвинителството
-
Кој следел новинари и политичари?
-
Мицкоски чека да го види документот
-
Тема на денот со Виктор Јакимов, претседател на Сојуз на средношколци
-
ФФМ со рекордна донација за младите
-
Почна новата учебна година - 245 илјади ученици седнаа во училишните клупи
-
АНБ скандал: Обвинителството без конкретни детали
-
Филипче ќе ги нацрта „црвените линии“ до крајот на неделава