ОЈО Скопје против едно лице поднесе обвинителен акт за кривично дело убиство
Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице за сторено кривично дело – Убиство од чл.123 ст.1 од Кривичниот законик.
Осомничениот се товари дека на 18.06.2018 година во село Студеничани, по меѓусебна расправија, со умисла лишил од живот едно лице. Несогласувањата меѓу двајцата започнале два дена претходно, кога сега починатиот со неговото возило марка „форд караван“ кај Катланово му го попречил патот на обвинетиот кој бил во своето возило марка „мерцедес“. Недоразбирањата продолжиле и следниот ден, а на 18.06.2018 осомниченото лице со своето возило дошло во село Студеничани каде што бил оштетениот.
Двајцата повторно започнале расправија, при што оштетениот со безбол палка го удрил осомничениот во пределот на главата, нанесувајќи му повреди, и веднаш започнал да бега. Во тој момент, осомничениот со пиштол марка ТТ со непознат фабрички број и со калибар 7,62мм испукал повеќе куршуми кон оштетеното лице, нанесувајќи му осум огнострелни повреди. Од здобиените повреди, лицето починало следниот ден во Ургентниот центар „Мајка Тереза” – Скопје.
Ценејќи дека се уште постои опасноста од бегство на осомничениот, заради кој првично му беше определена мерка притвор, надлежниот јавен обвинител достави и Предлог за продолжување на мерката притвор за осомниченото лице.
Ново на Сител
-

Мицкоски оптимист по средбите со Мерц и Макрон
-

Филипче: Самитот во Тиват испрати јасен сигнал дека западниот Балкан припаѓа во ЕУ
-

Почна полагањето на државната матура - над 14.500 ученици седнаа на жешките столчиња
-

Се крои новата цена на парното, старите цевки летово ќе поминат „стрес-тест“
-

ИЈЗ го отвори првото државно психолошко советувалиште за деца и младинци
-

Струмичката болница доби кабинет за менаџирање на дебелината
-

Ургентен центар за два региони во КБ - Штип
-

Марш за Скопје без бариери

