ОЈО поведе истрага за убиство во Батинци, полицијата трага по сторителите
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица кои се осомничени дека заедно сториле кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 3, како и – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи согласно член 396 став 5 во врска со став 3 од Кривичниот законик.
Како што соопшти ОЈО, двајцата жители на Батинци, на 1 јули, во автомобил со странски регистарски таблички неовластено држеле три автоматски пушки чие поседување е целосно забрането за граѓаните. Со возилото пресекле пат на друг автомобил во кој имало две лица, излегле надвор и веднаш почнале да пукаат.
Едниот од оштетените го лишиле од живот, додека на другиот му го довеле во опасност животот и му нанеле телесни повреди, по што осомничените во близина на селото Драчевица го запалиле нивниот автомобил и избегале.
Двајцата осомничени се во бегство и недостапни на органите на прогонот од моментот на сторување на делата. Со оглед на тоа, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничените која ќе започне да се применува од нивното пронаоѓање и лишување од слобода, стои во соопштението на ОЈО.
До Министерството за внатрешни работи се издадени соодветни наредби за пронаоѓање на осомничените лица.
Ново на Сител
-
Koледарски огнови - Традиција во пресрет на Божиќ
-
Тема на денот со Александар Николоски министер за транспорт и врски
-
Коледарски огнови - Традиција во пресрет на Божиќ
-
МПЦ за коледарските огнови и како се одбележуваат Бадник и Божиќ
-
Партиите се скараа чиј е патот Страцин - Крива Паланка?
-
Колку ќе загуби македонската економија во влезот на Бугарија во Шенген зоната?
-
Град Скопје обвинува: Од 15 институции надлежни за загадувањето, реагираме само ние
-
Работа и по пензионирање