-->
-->
ОЈО: Мерки за претпазливост за Јакимовски и неговите соработници од општина Карпош
-->
- Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција постапувајќи по кривичната пријава поднесена од страна на Управата за финансиска полиција, донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против пет лица, а кои е поднесен предлог за определување на мерки за претпазливост.Финансиската полиција денеска соопшти дека е покрената кривична пријава против поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, поради злоупотреба на службената положба и овластувања, како и поради соизвршителство против М.Д., раководител на Секторот за јавни набавки, Н.Н. помошник раководител на Секторот за финансиски прашања, С.М. раководител на Одделението за норматива во правниот сектор и А.С., раководител на Одделението за сметководство.
Како што се наведува во соопштението од ЈОРМ, надлежниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје за осомничените поднесе Предлог за определување на мерки за претпазливост и тоа обврска на обвинетите повремено да се јавуваат на определено службено лице или кај надлежен државен орган и привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање.
Осомничените се товарат дека ја злоупотребиле својата службена положба и овластување во три постапки за јавни набавки, при што двајца сториле кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување ” од чл.353 ст.5 во врска со ст.1 во врска со чл.22 во врска со чл. 45, додека тројца од осомничените за сторено кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување” од чл.353 ст.5 во врска со ст.1 во врска со чл.45 од Кривичниот законик.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Старт ап центар за студентите на УГД-Штип
-

Преглед на вестите од светот
-

Новиот закон за ДДВ на пратки до 22 евра нема да ги удри по џеб граѓаните туку шпедитерите
-

Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-

Алиу: Кај 10 пациенти без потреба направени кардиохируршки операции
-

Мицкоски уверува во стабилна коалиција, ВРЕДИ најавува зголемување на мнозинството
-

Почна собраниската расправа за буџетот 2026
-

Судиите со писмо до Мицкоски: Премината е границата на добро однесување
