-->
-->
ОЈО: Истрага против пет лица за неовластено производство и пуштање во промет дроги
-->
Јавното обвинителство ќе спроведе истрага против пет лица – двајца македонски и тројца албански државјани за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. По предлог на Обвинителството, Судот на петтемината осомничени им определи 30-дневен притвор.
-Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување на истрага против пет лица – двајца македонски и тројца албански државјани. Постои основано сомневање дека лицата сториле кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, соопшти денеска Обвинителството.
Осомничените, како што е наведено во соопштението, неовластено заради продажба купувале и пренесувале наркотична дрога – марихуана.
-По претходен договор, македонските државјани изнајмиле возило со кое требало да се подигне дрогата. Откако била извршена исплата за пратката, еден од осомничените со изнајменото возило се упатил кон договореното место во близина на граничниот премин Блато. Според насоките, тој ги подигнал двете торби што биле оставени од други лица, а во кои била спакувана дрогата и се упатил кон Дебар каде требало повторно да се сретне со двајца од осомничените албански државјани. Движејќи се низ улиците на Дебар, осомничениот видел полициски пункт, го оставил изнајменото возило и влегол во такси возило со цел да продолжи кон договореното место за средба, но такси возилото било запрено од полициските службеници. Во присуство на осомничениот е извршен претрес на оставеното возило и е пронајдена дрогата со вкупна нето маса од 20,2 килограми, велат од Обвинителството.
Ценејќи дека се исполнети законските основи, обвинителот до судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 доставил предлог за определување мерка притвор за сите осомничени. Ваквиот предлог Судот го прифатил, па со решение на петтемина осомничени им определил притвор во траење од 30 дена.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
69 независни кандидати за градоначалници – 6 во Прилеп
-
Данева: Собранието го игнорира Уставниот суд
-
Родители реагираат за искинати учебници – МОН најавува брзо решение
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Мора да има одговорност за прислушувањето
-
Филипче: Најлошо ќе биде да не правиме ништо
-
Јаневска: Студентите имаат партнер во МОН
-
Под ингеренции на МОН, од годинава 8 регионални центри за стручно образование и обука