ОЈО: Единаесетмина обвинети за непочитување на полицискиот час во Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против 11 лица кои не го почитувале полицискиот час во Скопје.
– Во одвоени кривично-правни настани, тие биле затекнати како се движат на различни локации во градот, без да поседуваат дозвола и тоа во временскиот период во кој движењето на населението е забрането како мерка за спречување на ширењето на заразна болест, се вели во соопштението до ОЈО.
Лицата се товарат дека сториле кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од член 206 став 1 од кривичниот законик.
Јавните обвинители на Основниот кривичен суд Скопје му предложиле да определи парични казни од по 100 дневни глоби за сите обвинети, при што поединечната висина на една дневна глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност.
Ново на Сител
-

Ива Михајлова е во Бугарија, молк од институциите како ја поминала границата
-

Стартува Безбеден град во Охрид
-

СДСМ: Мицкоски објавува анкети со пад на довербата од 40% и ги убедува граѓаните дека живеат подобро
-

ВМРО-ДПМНЕ: На анкетите јасно се гледа дека Филипче има рејтинг од 3%
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Калиопи, естрадна уметничка
-

85 години од почетокот на НОБ
-

Доделени државните награди „11 Октомври“
