ОЈО Битола доби нов Истражен центар за борба против најтешките и најсериозните облици на криминал
Работата на Основното јавно обвинителство Битола од денес во борбата против најтешките и најсериозните облици на криминал ќе користи нов Истражен центар.
На промотивниот настан во ОЈО Битола, државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски истакна дека очекува и петтиот истражувачки центар, по веќе отворените во Скопје, Тетово, Куманово и ОЈО ГОКК кои работат со полн капацитет, да даде видливи и мерливи резултати.
-Во иднина, ваквите добри резултати очекувам да ги следи и овој истражен центар во Битола, во кој за почеток ќе работат двајца истражители, но не е исклучено согласно потребите нивиот број да се зголемува. Овој Истражен центар на Основното јавно обвинителство Битола е потребен затоа што во последниот период, ова Јавно обвинителство работеше на повеќе тешки и сложени предмети особено од областа на економскиот и финансискиот криминал и сомнителни јавни набавки, истакна јавниот обвинител Коцевски.
Според него, новоформираниот истражен центар треба дополнително да ги зајакне капацитетите на ОЈО Битола за истражување најмногу на овие, но и на други кривични дела.
-Очекувам истражниот центар во следниот период да воспостави поврзаност со корисни бази на податоци, по примерот на оние кои веќе функционираат во другите истражни центри, а потоа тоа да можат да го користат и другите обвинителства од битолското апелациско подрачје, рече јавниот обвинител Коцевски.
Според јавната обвинителка на ОЈО Битола, Оливера Нечаковска, конечно во функција е идејата за формирање на Истражен центар.
-Со овој начин на директна, континуирана, тимска соработка меѓу органите на прогонот и Обвинителството, можеме да бидеме ефикасни во откривањето и гонењето на сторители на сриозни кривични дела, истакна Нечаковска.
Наскоро ќе биде формиран Истражен центар и во ОЈО Штип, беше најавено на денешниот промотивен настан во Битола.
МИА
Ново на Сител
-
Во регистарот на ДКСК евидентирани 1916 возила согласно роковникот на за локалните избори
-
„Дружба“ повторно активен: Унгарија ја обнови испораката на нафта
-
Арсенал суспендираше 17 свои навивачи
-
На ГП „Табановце” и на „Богородица“ се чека до 30 минути
-
Во сабота почнува дваесетдневниот увид во Избирачкиот список за локалните избори
-
Трамп: САД нема да испратат војници во Украина, но можна е воздушна поддршка
-
Бесент: Има напредок во трговските преговори меѓу САД и Кина
-
Блумберг: По средбата со европските лидери, Трамп од Орбан побара укинување на ветото за членство на Украина во ЕУ