-->
-->
ОИ 2016: Кербер и Пуиг во тениското финале кај дамите
-->
Анџелик Кербер и Моника Пуиг ќе играат во финалето на женскиот тениски турнир на Олимписките игри во Рио.
Германката Кербер во полуфиналето беше подобра од Американката Медисон кејс која ја победи во два сета со 6:3 и 7:5.
Нејзината противничка во финалето, Моника Пуиг која е 34-то рангирана тенисерка на ВТА листата, за меч за златото се избори со победата во полуфиналето на фаворизираната чешка тенисерка Петра Квитова која ја победи во три сета со 6-4, 1-6 и 6-3.
Доколку младата 22-годишна Порториканка успее во финалето да направи уште едно изненадување, односно да ја победи второрангираната светска тенисерка Кербер, тогаш Пуиг би станала првата спортистка од Порторико која би освоија злато. Досега во историјата на ОИ, нејзината земја има освоено два сребрени медали и тоа боксерот Луис Ортиз на игрите во Атланта 1984 година, и борачот Хаиме Еспинала во Лондон пред четири години.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски: Разрешувањето на Коцевски ќе продолжи во ноември
-
Комплетно реновирани операциони сали на Клиниката за уво, нос и грло
-
Преглед на вестите од светот
-
Втора седница на Советот за безбедност во вила „Водно“
-
Нова опрема на Клиниката за уво, нос и грло
-
Владата субвенционира идни пилоти
-
СДСМ бара да не се потпише указот за Законот за полиција
-
Бројни концерти во шпицот на сезоната