-->
-->
Охридскиот театар со премиерна изведба на „Аналфабет“ од Нушиќ
-->
Народниот театар од Охрид вечер премиерно ќе ја изведе комедијата „Аналфабет“ по текст на Бранислав Нушиќ, во режија на Ѓорѓи Ризоски.
Претставата разработува интерена тема актулна во современите општествени текови, претставувајќи ликови кои демонстрираат моќ благодарение на функциите, притоа злоупотребувајќи ги привилегиите за лични интереси.
Според актерската екипа, Никола Тодороски, Горан Стојаноски, Стрезо Стаматоски и Елизабета Стефановска, станува збор за исмевање на неписменоста на таквите ликови во општеството, тема која, велат, ќе биде актуелна и во следните декади.
Премиерата е на мала сцена на Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток од 20 часот, додека првата реприза е утревечер во истиот термин.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Рекации за интервјуто на Пендаровски за Сител
-
Европа да ги задржи добрите односи со САД, меѓу приоритетите на полското претседавање со ЕУ
-
Касами: ДУИ да се реформира наместо да се заканува
-
СДСМ: Во министерството за дигитална трансформација тендери добивал сопругот на државната секретарка
-
Граѓани вртат кругови да најдат паркинг - хаосот со паркирање на Клинички со години е секојдневие
-
Роковите за употреба на јаглен ќе бидат пробиени
-
Преглед на вестите од светот
-
Сторителот на убиството кај Мавровка призна вина, пресудата во четврток