Македонија
1. May 2025 - 12:27

Oхрид за првомајските празници исполнет со гости

Охрид за првомајските празници исполнет со гости.Иако не е продолжен викенд голем број посетители од земјава ,нашето соседство но и од подалечните земји во рамките на балканските кружни тури одмараат на брегот на езерото.Тие покрај во убавините на градот,  уживаа на плажите или во бродските тури  а исполнети се и угостителските објекти.

Според туристичките водичи туристите Македонскиот бисер Охрид поради природните и културните богатства,никого не остава рамнодушен.

Хотелеирите се оптимисти и се надеваат на плодна туристичка сезона ова лето.

Иако цените за аранжманите се повисоки во однос на претходните години, сепак,  од хотелско угостителскиот еснаф , тврдат дека земјава останува поефтина дестинација во споредба со туристичките центри во регионот.