Охрид се крена: Нема да дозволиме разнебитување на Македонија!
Охрид на нозе- граѓаните масовно излегоа да дадат поддршка на иницијативата „За заедничка Македонија“ и да кажат дека нема да дозволат разнебитување на државата.
Црвената линија ја поминавте, црвено-жолтата, не!- порачаа охриѓани.
Учесниците ја изразија својата решеност да истраат во напорите за зачувување на унитарноста на државата, одбрана на Уставот на Македонија и суштината на вредностите на општеството.
– Она на што секогаш треба да се аплира, а што долго недостасува е чувство на заедништво. Како граѓанин, како човек кој живее овде и создавал барем во еден сегмент од општеството со силна волја и сериозна упорност, доаѓаме со заклучок дека на крајот на краиштата треба да се чуе убавиот збор, народот, вистинскиот народ еднаш засекогаш да каже – луѓе драги, чувство за заедништво ни недостасува, вистинска човекова врадност, затоа сме тука, изјави актерот Горан Стојаноски.
Драматургот и писател Зоран Пејкоски од своја страна истакна дека него како македонски творец му е обврска да застане во одбрана на македонскиот јазик.
– Дојде време да го одбраниме македонскиот јазик. Јас како писател морам да застанам зад македонскиот јазик, зад унтарноста на македонската држава. Треба да знаеме сите, барем од овде од Охрид каде започнала светиклиментовата традиција врз која ја базираме Македонската православна црква. Тука се темелите на цивилизацијата на Европа и затоа почувствував потреба како македонски писател да застанам зад Македонија, рече тој.
Според утврдената маршута, учесниците на протестот се собраа кај охридската Гимназија, по што се упатија низ улиците во централното градско подрачје, до Градскиот плоштад.
Ново на Сител
-
Охриѓани се хумани, помагаат на сограѓаните во социјален ризик
-
Преглед на вестите од светот
-
Нов марш на ангелите, родителите го повикаа Мицкоски во Кочани
-
За изборот на новиот папа, Тема на денот со Кирил Стојанов, новинар
-
Поддршка за Стерјовски пред утрешните парламентарни избори во Албанија
-
ВМРО-ДПМНЕ со партиски кандидат ќе настапи на локалните избори за Град Скопје
-
Ахмети: Без хармонија меѓу заедниците, државата нема иднина
-
Патоказ за малцински прашања како можем компромис за спорот со Бугарија