Македонија
1. April 2025 - 12:37

Охрид поголем наплив на гости очекува за Велигден

Охрид останува привлечна туристичка дестинација ,по изминатиот продолжен викенд ,поголем наплив на посетители се очекуваат за велигденските и првомајските празници .Во викендите најбројни се гостите од соседните земји но не изостануваат ни европските и тоа претежно оние кои се  дел од балканските тури.

Туристичките работници велат дека ова лето нема да има драстично поскапување на цените во сместувањето и угостителските услуги .

Оваа сезона се очекува зголемување на  бројот на туристи кои ќе доаѓаат и преку охридскиот аеродром Св. Апостол Павле, во текот на летната сезона и летниот ред на летање во 2025 година, ќе има 7 редовни летови со 6 авиокомпании.