Охрид наутро исчистен од отпад, навечер ѓубре се фрла насекаде
Јавното претпријатие „Охридски комуналец“ деновиве кога е шпицот на сезоната, покрај редовите активности за одржување на хигиената низ градот и долж крајбрежјето, дополнително се ангажира за собирање на отпадот, што секојдневно се остава на најпосетуваните локации, по парковите, на кејот на езерото, на шеталиштата, атрактивните места во стариот дел на градот.
Како и изминатите денови и ова утро јавните површини низ градот се целосно исчистени од фрлени отпадоци, а плоштадите и улиците измиени. Тие активности се спроведуваат секојдневно, а во активностите се вклучуваат и самоорганизираните граѓански здруженија, младите ентузијасти кои групно чистат и собираат отпад од плажите, но сето тоа е недоволно ако отсуствува свеста за потребата од заштита на околината.
Во координирана акција екипи на „Охридски Комуналец“ и планинската спасителната служба при Црвениот крст-Охрид утрово го расчистуваа тешко пристапниот терен на потегот кај локалитетот Канео каде несовесни гости, главно помлади лица, амбалажата што ја носат со себе ја фрлаат насекаде, па и зад потпорниот ѕид долж патот, што води кон црквата Свети Јован.
Грдите слики од фрлен отпад насекаде се повторуваат секојдневно што не доликува на Охрид и неговиот статус на најпознато и најпосетуванио туристичко место во земјата. Оттаму и апелите на сите субјекти до посетителите малку повеќе да се грижат за заштитата на нашите природни убавини и националното културно историскиско богатство.
Ново на Сител
-
Стоилковиќ: Денот на македонската револуционерна борба е траен симбол на волјата за напредок и визија за иднината
-
Прилеп оддаде почит на револуционерите по повод 23 Октомври
-
Ѓорѓиевски: Не смееме да дозволиме поради нефункционалноста на ЈП „Комунална хигиена“ да се загрози здравјето на нашиот народ
-
Лишени од слобода 11 лица за лихварство и перење пари, по едно лице се уште се трага
-
Во недела завршува летното сметање на времето – стрелките се враќаат еден час наназад
-
Рубио: Израелските планови за анексија на Западниот Брег го загрозуваат примирјето во Газа
-
Гаши: 23 Октомври е потсетник на стремежот за правата, еднаквоста и општествената организираност
-
Сиљановска-Давкова: Да го продолжиме револуционерен пат со ум, знаење и реформи