Охрид ќе ја одбележи 111-годишнината од смртта на војводата Христо Узунов
Градот Охрид и оваа година традиционално со низа манифестации ќе ја одбележи годишнината од херојската смрт на македонскиот револуционер и војвода на охридските револуционерни чети, Христо Узунов.
По повод 111-годишнината од смртта на Узунов утре во 11 часот во основното училиште во Охрид што го носи неговото име пред бистата на револуционерот и учител ќе биде положено цвеќе. За од 12 часот во Спомен-куќата на Христо Узунов ќе се одржи историски час. Утревечер во 18:30 часот во галеријата на Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе биде отворена изложба на ликовни творби, по што следува свечената приредба на ОУ „Христо Узунов“.
Свеченостите продолжуваат и в недела, кога пред спомен-обележјето на Узунов во Градскиот парк ќе биде положено цвеќе,а ќе се читаат и литературни творби.
Одбележувањето на годишнината од херојската смрт на Христо Узунов ќе продолжат во 11 часот со Поклонение и Панихида за војводата на местото на неговото херојско загинување во кичевското село Цер.
Узунов е еден од плејадата големи македонски револуционери, учител и војвода, роднина на Григор Прличев. Роден е во Охрид, на 22 февруари 1878 година. На 24 април 1905 година откако биле опколени од многуброен аскер засилен со артилерија, Христо Узунов заедно со 11 негови соборци извршиле саможртва, за да не паднат живи во рацете на Турците.
Ново на Сител
-
Митинг на коалицијата на СДСМ во Кавадарци
-
Митинг на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ во општина Центар
-
Активности на помалите партии и независински кандидати
-
Тема на денот со Златко Кузманов, д-р по безбедност и претседател на Центарот за Интегрирана безбедност
-
Пациентите со дијабетес бараат редовни офталмолошки скрининзи за ретинопатија за да спречат слепило
-
Израел и Хамас се договорија за првата фаза од договорот за мир
-
Приведени 6 лица за тендерски малверзации во РЕК Битола
-
Сведочење во Кривичен: Пред Нино Васев не биле давани лекови на реверс на Онкологија