Македонија
19. January 2022 - 16:38

Охрид го врати сјајот за Водици

Мартин Гоџо од Варош го фати крстот од Охридското езеро. 25 годишниот охриѓанец беше најсреќен меѓу стотината капачи кои запливаа во студените езерски води кои беа осветени со богојавленска богослужба. Мартин вели дека 10 години скока по крстот и се чуствува прекрасно што оваа година успеа да биде во неговите раце.

Покрај од Охрид меѓу капачите имаше и од останатите градови ширум земјава.

Градоначалникот Кирил Пецаков вели дека денешниот ден е најголем за Охрид и е среќен  што во време на пандемија традицијата е продолжена.

По минатогодишниот привремен прекин поради пандемијата со Ковид-19, продолжи чествувањето на големиот верски празник Богојавление Водици.

Голем број верници годинава беа дел од најмасовната црковно народна манифестација во земјава.