Македонија
25. July 2021 - 16:39

Охрид доби уште една шанса од УНЕСКО

И покрај бројните забелешки дека тоа што било направено не е доволно сепак Комитетот за светско наследство даде уште една шанса дополнителен рок од две години за исполнување на препораките. Тоа предвидува прецизна листа на обврски и рокови за нивно извршување, како и строг стручен надзор од УНЕСКО. Во своето обраќање на денешната сесија министерот за животна средина Нуредини заблагодарувајќи се за поддршката најави дека ова значи дополнителна одговорност, за заштитата на ова неверојатно природно и културно светско наследство.

Од невладината Охрид СОС кои имаа обраќање посочија дека во 2019 година УНЕСКО даде шанса за спроведување на препораките, но дегардацијата на универзалното културно и природно богатство продолжи.

Оваа одлука е донесена по тридневни интензивни консултации на делегациите членки на Комитетот за културно наследство откако Норвешка и Австралија изразија негодување на предлогот Македонија и Албанија да добијат дополнителен рок до 2023 година за отстранување на проблемите кои ги загрозуваат универзалните вредности на Охридскиот регион.