Огромен пожар во Ново Мексико, Бајден прогласи состојба на елементарна непогода
– Пожарникарите го забавија ширењето на најголемиот шумски пожар во САД, додека претседателот Џо Бајден прогласи состојба на елементарна непогода, а со тоа следува финансиска помош на делови од Ново Мексико, што горат од почетокот на април, јавија синоќа американски медиуми.
Досега, големиот пожар зафати 670 квадратни километри високи шуми и ливади на југот на Карпестите Планини.
Пожарникарите го искористија периодот на релативно мирното и постудено време, со цел да спречат пожарот да им се приближи на малите градови и села.
Огнените јазици се гаснат со авиони и хеликоптери. На теренот се отстрануваат дрвја и грмушки за да остане што помалку простор огнот да се прошири. Ангажирани се речиси 1.300 пожарникари, како и друг персонал.
Издадени се наредби за задолжителна евакуација на 15.500 домаќинства, а досега изгореле речиси 400 куќи.
Од сабота повторно се очекуваат силен ветер, температура над нормалната, како и мала влажност, што ќе ја зголеми опасноста од ширење на пожарот, соопшти Националната метеоролошка служба.
Помошта вклучува неповратни финансиски средства за привремено сместување и за поправка на домот, кредити за покривање неосигурани имотни загуби, како и други програми за да им се помогне на луѓето и на компаниите.
Ново на Сител
-
Сиљановска Давкова: Потребна е поддршка за членство во ЕУ | ВИДЕО
-
Николоски во работна посета на Атина, ќе се разговара за подобро регионално поврзување
-
Рама: Косово мора да ги исполни условите на ЕУ или ќе остане изолирано
-
Реакција на ВМРО-ДПМНЕ
-
Сообраќајниот метеж во Њујорк го натера Макрон да му се јави на Трамп | ВИДЕО
-
Ѓоковиќ се враќа на теренот, го потврди настапот во Шангај
-
У15: Македонските фудбалери поуспешни од Косово
-
Лавров: Киев го издигна неонацизмот на ниво на државна политика