Живот
25. December 2018 - 9:54

Огромен метеорит падна среде Русија: Глетката како од апокалиптични филмови, можно прогласување на вонредна состојба

Пред неколку дена во Хабаровскиот крај во Русија падна голем метеорит, кој го закачи врвот на вулканот и падна во коритото на реката. Властите не ја исклучуваат можноста од воведување вонредна ситуација, соопшти раковотителот на Верхњебуреинскиот регион Алексеј Маслов.

„Судејќи по се, метеоритот беше огромен, ако можеше да го покрие коритото на реката со слој висок 40 метри. На самото место се упатени две групи: една од Верхњебуреинскиот регион, а друга од Амурската област. Тие имаа сателитски телефон и дозиметри за утврдување на нивото на радијација. Во Бурејската хидроелектрна неколку дена се бележи намален доток на вода во вештачкото езеро, а експертите не можеа да ја утврдат причината за тоа. Се надевам дека групите наскоро ќе стигнат на самото место и ќе добиеме детални податоци“, изјави Маслов.

Според достапните податоци, коритото на реката Буреа е затрупано на местото оддалечено 70 километри од најблиската населба Чекунда. За тоа е известен министерот за вонредни ситуации на Русија.

Маслов истакна дека во случај метеоритот да ја пренасочува водата од реката, поради што може да дојде до поплав, ќе биде прогласена вонредна состојба.

Во проценката на ситуацијата се вклучени и сателите од вселената.

На интернет исто така се објавени снимки од локацијата на падот на метеоритот. Според зборовите на авторот на снимката, небесното тело формирало џиновска брана која би можела да го блокира протокот на вода во реката.