-->
-->
Огромен астероид доаѓа кон нас: НАСА има страшен план за негово уништување
-->
Астероидот Бену, со дијаметар од 500 метри, кружи околу Сонцето со брзина со 101.388 километри на час, а научните истражувања укажуваат дека постои можност од 1:2.700 да ја погоди земјата во 2135. година.
НАСА не верува дека Земјата би можела да биде загрозена, но секогаш постои можност да се смени нешто во траекторијата, па затоа не сакаат да ја препуштат работата на случајот.
Од таа причина започнал проектот со име "HAMMER", кој го води ННСА, НАСА и две американски државни одделенија од Министерството за енергија. Тие сакаат да лансираат летало со тежина од 8,8 тони, кое го нарекуваат "Импактор" и да го забијат во Бену, или да користат нуклеарно оружје за одвраќање или уништување.
"Доколку астероидот е мал и ако имаме на располагање доволно време, можеме да му ја промениме траекторијата со помош на "Импакторот", но ако бидеме во брзање ќе користиме нуклеарно оружје", изјавил физичарот Дејвид Дирборн.
"Не можете никогаш да бидете сигурни дали астероидите ќе се држат до траекторијата која ќе ја пресметате, бидејќи мората да ги земете во предвид фактите како што се соларни ветрови и гравитациското поле на Јупитер, а постојат и многу опасни астероиди кои уште не сме ги откриле", наведува научникот и додава дека токму поради тоа е започнат проектот "HAMMER". Иако е проектот започнат, тоа уште не значи дека ќе биде реализиран бидејќи се проценува дека трошоците ќе изнесуваат неколку милијарди долари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Коалицијата „Европски фронт“ доставила приговор до ДИК за прегласувањето во Желино
-
ЦУК: Во тек акција за пронаоѓање и извлекување залутани лица на опасно стрмно место меѓу село Кожле и Велес
-
Несудената актерка која го создаде Мој ДДВ | Сања Лукаревска | Неформално | Sitel Podcast 039
-
РКЕ најaвува продолжување на евтината тарифа до 16 часот
-
Во Чашка затекнати двајца дрвокрадци од Прилеп
-
Комесар на СЕ за човекови права: Со Резолуцијата за Сребреница, светот се залага за правата на жртвите
-
Пронајдена дрога кај девет гости во скопски дискотеки
-
Пожар во куќа во центарот на Штип