Ограничување на маржите на основните продукти
Државата ги замрзна профитните маржи на основните производи.
Во трговијата на мало заработувачката се ограничува на 10 проценти, а на големо на 5 отсто. Тоа значи дека со одлука на Владата се ограничуваат маржите на лебот, шеќерот, солта, зејтинот, брашното, месото, сувомеснатите производи, на сирењето, оризот, урдата јајцата, тестенините и пченицата - производите чии цени се замрзнати до први март.
Но овој пат на листата се додаваат и зеленчукот и овошјето.
Сите трговци кои нема да ги почитуваат новите одлуки ќе бидат казнети со глоби од 800 до 10 илјади евра. Министерот Бектеши најави и засилени инспекциски конотрли, а граѓаните ги советуваше ако забележат злоупотреби, да пријават до надлежните инситуции.
Одлуката за ограничување на маржите ќе важи од први март, до 31 мај. Поскапувањето на производите почна уште кон крајот на минатата година, кога конитнуирано почнаа да растат цените на енергенсите на светксите берзи.
-
Ирена Чачкова
Сите содржини од овој новинар