Ограбени две казина во Скопје, еве како
Ноќеска во 03,30 часот во Скопје на булевар „Јане Сандански“, во казино „Адмирал“, четири маскирани лица, со закана со оружје извршиле разбојништво над вработените, при што од сефот одзеле пари. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против М.М.(21) од село Волково, скопско за сторено кривично дело „затајување“ и против О.А.(24) од село Сарај, скопско за сторено кривично дело „потикнување“.
На 6.овој месец во Скопје во казино на булевар ”Партизански Одреди” првопријавената, како вработена во казиното, по претходен договор со второпријавениот, во повеќе наврати, на истиот му издала кредити за игра на среќа – рулет, за кои не извршил претходно уплата, со што се стекнале со противправна имотна корист од 1.486.383 денари.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Уставен суд го поништи солидарниот данок, државата ќе враќа 49 милиони евра
-
Тема на денот со Љубомир Ѓурчевски, поранешен полициски началник
-
Четири кривични пријави за екс директорот на СОЗР
-
Уставен суд го поништи солидарниот данок, државата ќе враќа 49 милиони евра
-
Муслиу не бил дискриминиран по полова и политичка припадност, одлучи Уставен
-
Студентското радио на УКИМ заминува во историјата
-
Пријава за 4 дела за Пеце Мирчевски