Ограбена џамијата „Арабат“ во Тетово
Непознати сторители извршиле тешка кражба во џамијата „Арабат“ лоцирана во комплексот „Арабати баба теќе“ во Тетово при што земале дваесет илјади денари, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Според неговите податоци кражбата била извршена вчера во периодот помеѓу 5 и 12 часот откако сторителите најпрво со употреба на тврд предмет ја скршиле цилиндер бравата од влезната врата, а потоа од металната каса која ја отвориле одзеле 20 илјади денари во разни апоени. Со одземените пари незабележани од никого избегале во непозната насока.
Кражбата во полиција ја пријавил Џ.С.(36), вработен во Исламската верска заедница Тетово. Екипа на полицијата извршила увид и презема мерки и активности за целосно расветлување на пријавеното и за откривање на можните сторители, рече Јосифовски.
Ново на Сител
-
Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта утре во Скопје
-
Мицкоски за утрешната посета на Кошта: Ќе ги пренесеме нашите ставови во врска со уставните измени
-
Поранешен началник на Одделение за лично обезбедување на министри лажирал работни часови на вработени
-
Трамп: Не знам дали Путин ќе дојде на преговорите во Турција
-
Кривична против кумановка која го терала своето дете да питачи
-
Малолетен пешак прегазен во Скопје
-
Утре и во петок обилни врнежи од дожд, засилен ветер и заладување, на повисоките планини снег
-
Турската полиција приведе 97 студенти кои протестираа против исламски проповедник