Македонија
5. March 2018 - 13:51

Ограбена бензинска во Маџари

Двајца непознати сторители доцна синоќа ограбиле бензинска пумпа во скопската населба Маџари, одземајќи околу 10.000 денари.

Како што соопшти полицијата, разбојништвото се случило во 01:20 часот откако, најпрво, сторителите им се заканиле на вработените со пиштол по што ги земале парите и избегале во непознат правец.

Се преземаат мерки за нивно пронаоѓање и за целосно расчистување на случајот.