Македонија
5. May 2017 - 13:54

Ограбена бензинска пумпа во Дељадровце

Рано утрово во 04.40 часот во полициското одделение Петровец, дежурниот од СВР Куманово телефонски пријавил дека во с.Дељадровце, на бензинската пумпа три непознати лица извршиле разбојништво.

Сторителите со закана со пиштол од вработениот ја одзеле чантата со дневен промет, поголема количина на цигари и компјутер. 

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.