Ограбен уличен менувач на девизи во Гостивар

Вчера во 22.45 часот случаен минувач, на патот од село Беловиште кон село Ласкавица, гостиварско, на асфалтот го пронашол повреден А.А. (51) од Гостивар кој работи како менувач на девизи на улица.
Повредениот со возило на Итна медицинска помош е пренесен во МЦ-Гостивар каде му се констатирани телесни повреди во пределот на главата.
Од извршениот разговор со истиот, утврдено е дека истиот ден во 22.25 часот непознати лица со опијат преку носот и устата го довеле во состојба на изгубена делумна свест, а воедно и го удирале со тупаници во пределот на главата.
После тоа бил внесен во патничко возило со непозната марка и регистарски број. По 30 минути се освестил и забележал дека му се одземени пари (франци, евра, денари ) во разни апоени со вкупна вредност од околу 120.000 денари.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-

Лажни дојави за бомби во училишта во Скопје и Тетово
-

Ладна ве носи во Дизниленд, Париз: Започна детскиот ликовен конкурс на тема „Мојот необичен сон“
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС нервозни зошто Артан Груби е уапсен и може да изнесе податоци за криминалите на Заев, Филипче и Спасовски
-

Кривична за поранешен директор на Здравствен дом Куманово, незаконски вработувал лица во установата
-

Следува период на стабилно и суво време
-

Уапсен беровчанец, возел со 1,96 промили алкохол во крвта и без возачка дозвола
-

Со само 100 денари до нов автомобил!
-

Уапсен Србин во Гевгелија, криумчарел шест мигранти од Египет и Палестина
