Македонија
8. March 2016 - 13:20

Ограбен уличен менувач на девизи во Гостивар

Вчера во 22.45 часот случаен минувач, на патот од село Беловиште кон село Ласкавица, гостиварско, на асфалтот го пронашол повреден А.А. (51) од Гостивар кој работи како менувач на девизи на улица. 

Повредениот со возило на Итна медицинска помош е пренесен во МЦ-Гостивар каде му се констатирани телесни повреди во пределот на главата.

Од извршениот разговор со истиот, утврдено е дека истиот ден во 22.25 часот непознати лица со опијат преку носот и устата го довеле во состојба на изгубена делумна свест, а воедно и го удирале со тупаници во пределот на главата.

После тоа бил внесен во патничко возило со непозната марка и регистарски број. По 30 минути се освестил  и забележал дека му се одземени пари (франци, евра, денари ) во разни апоени со вкупна вредност од околу 120.000 денари.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.