Македонија
4. March 2019 - 22:55

Ограбен штаб на политичка партија

Ограбен партиски штаб. Вчера во 12.37 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица „Александар Урдаревски“ во село Мирковци, скопско, непознат сторител извршил тешка кражба во штаб на политичка партија. Според пријавеното, сторителот одзел телевизор и компјутер. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за расчистување на случајот.