Огнен до Јана: Си добила ли улога „преку кревет“? Еве го одговорот
Македонската актрека Јана Стојановска беше гостин во српското „Ами Џи шоу“ на Огнен заедно со министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ и пејачот Харис Џиновиќ. Во емисијата постои дел каде водителот им поставува незгодни прашања на гостите и тие доколку не сакаат да одговорат искрено принудени се испијат од лошите пијалоци или грдата храна која им се нуди како можност. Огнен во емисијата ја праша Јана дали некогаш добила актерска улога преку кревет, односно дали била принудена на такво нешто?
Јана низ шала одговори дека досегна на ниту еден кастинг немало кревет, но отсечно кажа дека досега немала такво искуство. На тоа Дачиќ се надоврза со коментар дека имала среќа што сеуште не е во Холивуд и не паднала во рацете на Вајнстајн. Сепак прашањата до Јана не застанаа овде, Огнен и упати уште едно провокативно прашање, тој ја натера да одговори дали ако е на пуст остров и и кажат дека мора да бира меѓу Дачиќ и Џиновиќ за да опстане кој ќе одбере? Во продолжение погледнете како Јана се снајде и искрено и културно возврати:
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: Фирми блиски до СДСМ се главни за марихуаната
-

„Безбеден град“ за една недела регистрирал 4 991 прекршок, најмногу за брзо возење
-

СДСМ: Како поминаа 5 тони дрога на граница?
-

ЈОРСМ: Продолжува истрагата за запленетите над 40 тони марихуана
-

Француската морнарица заплени 1,4 тони кокаин вреден 41 милион евра
-

Орбан: Клинтон бараше Унгарија копнено да ја нападне Србија
-

Пратениците утре ќе работата и покрај протестот на ССМ
-

Владина делегација во Париз на средби со високи претставници на УНЕСКО
