Официјално: Познато е дали Лазаров ќе игра вечерва
Ракометарите на Македонија очекуваат да заврши средбата меѓу Словенија и Шпанија за да истрчаат на теренот и да влезат во битка за бодови со кои ќе се доближат до полуфиналето на Европското првенство.
Додека чекаат да дојде терминот за загревање, порталот 24 ракометпренесува една одлична вест за сите фанови.
-Кире Лазаров е подготвен за настап, но ќе игра само доколку биде потребно да настапи. Докторите успеаја да го оспособат, но нема да се ризикува со неговото играње по секоја цена, па затоа денеска ќе треба да помогнат и другите играчи за да му овозможат да одмори и да биде уште подобро подготвен за утрешниот меч против селекцијата на Данска, објави порталот.
Инаку, Лазаров допатува директно од Загреб каде што денеска му беа направени нови дополнителни прегледи.
Информациите се позитивни, па се очекува само да дојде почетокот на средбата и да може да тргнат работите кон правецот кој сите го посакуваме.
Ново на Сител
-

Силекс и Шкендија ќе играат за трофејот во Купот на Македонија
-

Најмалку десет загинати во израелски напад врз јужниот дел на Либан
-

Паднаа цените на нафтата
-

Седница на Уставниот суд со седум иницијативи на дневен ред
-

Во ЕУ постигнат прелиминарен договор по однос трговските односи со САД
-

Најмногу дожд во Крушево, Претор и Охрид
-

Панел дискусија „Од визија до геополитички одговор: Проширувањето на ЕУ во новата геополитичка реалност“
-

Без струја неколку улици во Центар, Кисела Вода и Карпош
