Официјално: ДУИ не донесе одлука за коалиција!
На Мала Речица и вечерва без одлука! Рокот на Груевски да состави Влада завршува во 00:00!
- Консултациите сеуште не завршиле, дебатата не е завршена. ДУИ не донесе одлука дали ќе оди во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ - соопшти вечерва портпаролот на партијата Бујар Османи.
За никоја од 5те опции кои ги предложи Ахмети, ДУИ не одлучиле. Во исто време, Османи по тродневниот состанок на ДУИ, истакна дека тие не ја отфрлаат можноста да клоалицираат со ВМРО-ДПМНЕ доколку Иванов повторно им го додели мандатот на претставник на оваа партија.
- Консултациите како понатаму ќе нестапи партијата, продолжуваат во наредните денови. - истакна Османи.
Дебатата, според него, била корисна, конструктивна и добронамерна за да се донесе најдобрата и најздравата одлука за сите граѓани на Република Македонија.
- Од последните состаноци на претседателството на партијата тоа што едногласно заклучивме и одлучивме е дека таа дебата не може денеска да биде исцрпена и дека немаме доволноа аргументи да се определиме за која било од петте опции кои што беа ставени како предмет на дебата. Останува во наредните денови да продолжиме во однос на оваа аргументација за да можеме да ја исцрпиме дебатата да може одлуката да биде што покорисна за граѓаните за Република Македонија. Сите опции остануваат отворени, рече Османи.
За половина час истекува рокот на мандатот кој во моментов го има лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Мандатот ќе се врати во рацете на претседателот Иванов, кој според уставот, има право да го додели на друг мандатар по негов избор.
И ВМРО-ДПМНЕ заседава вечерва заедно со коалиционите партнери. Се очекува и тие да се огласат како ќе одговорат на ова.
но и разговори со претставници на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за формирање на нова влада.
Рокот за составување на нова влада истекува на полноќ откако на 9 овој месец претседателот Ѓорге Иванов му го довери мандатот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, односно на партијата која на предвремените парламентарни избори освои најмногу гласови.
Ново на Сител
-
АМСМ: Намалена видливост до 30 и 50 метри кај Неготино и Демир Капија
-
Германска министерка се изјасни за забрана на огномети во Германија
-
Прогласена воздушна тревога во Одеса поради закана од ракетен напад
-
Низ патарините лани поминале 62.662.988 возила, ЈПДП со приход од над 66.5 милиони евра
-
Уапсен кичевчанец, пренесувал мигранти од Кина
-
Прва крводарителска акција во 2025 година во Делчево
-
Трамп: САД се катастрофа, „смешка“ во очите на светот
-
Девојче е првото родено бебе во Куманово