Официјална Сирија: Ги издржавме нападите, благодарение на предупредувањето од Русија
Сирија и нејзните сојузници во саботата ги издражаа нападите на САД, Британија и Франција. Цел на нападите беа места кои беа евакуирани пред неколку дена, пред се благодарение на предупредувањето од Русите, изјави висок официјален претставник на Сирија на регионалниот сојуз кој ја поддржува владата во Дамаск.
– Го издржавме нападот. Русите претходно не предупредија за нападот, па сите воени бази беа евакуирани пред неколку дена – изјави тој.
Високиот сиријски претставник изјави дека во нападот биле користени околу 30 ракети, од кои третина се срушени и се проценува материјалнита штета.
Сиријскиот претседател Башар ал Асад во седумгодишната граѓанска војна го поддржуваат Русија и Иран, како и шиитските групи во регионот кои ја уживаат поддршката на Иран, вклучувајќи го и либанскиот Хезболах.
Најмалку шест сиријски војници се повредени во нападот кој го предводеше САД и при нападот е уништено складиштето во подрачјето Шин, западно од градот Хомс.
Сиријската државна новинска агенција САНА објави дека се повредени најмалку тројца цивили во нападот.
Ново на Сител
-
Митинзи на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Гостивар и Тетово
-
Митинзи на СДСМ и коалицијата во Гевгелија и Валандово
-
Застрелан носителот на листа на ДУИ во Липково
-
Уапсени управители на старечки дом во Капиштец, се сомничат за нехуман третман на корисниците
-
Тема на денот со Борис Ѓорѓиевски, Дојче Веле
-
Почнува пријавување за бесплатната вакцинација против грип за ризичните групи
-
Апсење за нехуман третман на стари лица
-
4% инфлација во септември