Оер: Франција е во голем шок
Франција е во голем шок бидејќи се соочи со атентат кој однесе голем број жртви, а не ни замислувавме дека по 11. јануари ќе се соочиме со такви ужасни сцени. Бројот на жртви изнесува 128 луѓе, а 252 лица се сериозно повредени од кои 80 се борат за живот, изјави денеска француската амбасадорка во макеоднија Лоренс Оер.
- Нападите беа на седум различни места, а особено ќе го истакнам тој на стадионот „Франција“ каде што се играше пријателски натпревар меѓу Франција и Германија. Навистина се случи страшен терористички напад, вистински воен чин како што го оквалификуваа француските власти, рече Оер.
Досегашната истрага покажала дека еден од напаѓачите бил француски државјанин кој неодамна го прифатил исламот.
- Сето ова го кажувам затоа што сакам да потенцирам дека заканата не е дојдена од надвор.Францускиот претседател Оланд реши да прогласи тридненва жалост со едноминутен молк во Франција, но и насекаде низ светот каде што Франција е присутна, во понеделник во 12 часот. Сите настани се откажани поради безбедносните мерки коишто се донесени, и дополнителните безбедносни мерки коишто ги донесе претседателот. Во сите европски држави, но и овде се организираат совети за безбедност, истакна Оер.
Таа искажа благодарност до сите пријатели, до сите граѓани на Република Македонија, но исто така и до политички раководните лица од РМ коишто ја искажуваат својата солидарност со францускиот народ.
- Во Париз навистина го цениме тоа и сакам да кажам дека голем број на француски семејства, голем број на наши деца и пријатели сочувствуваат со невините жртви, но исто така сме трогнати од огромната солидарност која што ја добиваме овде и денес, рече француската амбасадорка Лоренс Оер.
Ново на Сител
-
Сиљановска-Давкова во телефонски разговор со Зеленски изразила поддршка на напорите за крај на војната
-
Од 1 јули ќе почне првото намалување на царинските тарифи за 50 отсто
-
Возач удрил 13-годишно девојче и избегал од местото на настанот
-
37-годишна жена два пати физички нападната во Скопје од својот сопруг во текот на еден ден
-
Тепачка помеѓу 6 лица во Ѓорче Петров, употребувани тврди предмети и оштетени две возила
-
Кривична за двајца полициски службеници, дозволиле да застарат 14 дела за тешки кражби
-
Мицкоски: Имаме организиран пристап и ќе продолжиме да помагаме на семејствата на настраданите во кочанската дискотека
-
Го оштетиле буџетот за 2,2 милијарди денари, поднесени обвиненија за „Онкологија“