ОЕЦД препорачува референдум за „спротивен“ Брегзит

Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) денеска изнесе оценка дека втор референдум, со кој во спротивен правец би се сменил Брегзит, ќе донесе „позитивно“ и „значајно“ влијание на британската економија.
ОЕЦД проектира раст од само еден отсто на британската економија следната година поради несигурноста која ја носи Брегзит.
Претседателот на ОЕЦД, кој го презентираше извештајот на прес-конференција заедно со британскиот министер за финансии Филип Хамонд, истакна дека постои ризик од „неуреден“ Брегзит, со што Британија би се оставила без договор, што би предизвикало несакани реакции на финансиските пазари и притисок врз девизните курсеви.
Во случај Брегзит да се промени со политичка одлука (промена на мнозинството, нов референдум итн.) позитивното влијание на растот на економијата би било „значително“.
Акцентирајќи го ризикот од напуштање на ЕУ без постигнат договор, во извештајот на ОЕЦД се наведува дека деловните инвестиции ќе се намалат, а зголемените притисоци на цените ќе ја задушат личната потрошувачка. Тековниот дефицит ќе биде тешко да се финансира, иако, најверојатно, тој би бил намален.
Ново на Сител
-

Дел од општина Центар денеска без вода
-

Променливо облачно со сончеви периоди
-

Трамп со заканa за Иран: Времето ви истекува, подобро побрзајте или нема да остане ништо
-

Македонската ракометна репрезентција се пласираше на Светското првенство 2027
-

МВР: Нема дојави за бомби во кој било трговски центар во Скопје
-

Вкупно четири пријави за семејно насилство во последното деноноќие, уапсени две лица
-

Калас: Администрацијата на Трамп не сака силна Европска Унија
-

ОЈО бара притвор за осомничениот за убиството на 18-годишното момче од Бојане
