Одземено оружје и кривични пријави за три лица
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Н.Б. (58) од село Черкези, кумановско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.На 22 јуни годинава полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот во село Черкези, при што пронашле и одзеле три пиштоли („Steyr Pieper Patent“ калибар 6,35мм, „Crvena Zastava M57“ калибар 7,62х25 мм и Smith & Wesson модел 422“ калибар 22LR) и 43 куршуми со различен калибар, за кои не поседувал дозвола.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.С. (53) од село Мала Речица, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.На 10 февруари годинава полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот во село Мала речица, при што пронашле и одзеле пиштол „Црвена застава М57“ калибар 7,62 мм и рамка со осум куршуми.
Полициската станица Гевгелија поднесе кривичнa пријавa против Н.Ќ. (49) од село Селемли, гевгелиско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 23 мај годинава полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, про што пронапле и одзеле 72 куршуми од различен калибар и активирана чаура калибар 9 мм, за кои не поседувал дозвола.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бојан Трајковски, Асоцијација на специјализанти и млади лекари
-
Грета Тунберг на протест за Дошница
-
Преглед на вестите од светот
-
Цела недела топлотен бран – од утре мало разладување
-
Спречен обид за подметнување пожар на Водно, гори на шест локации во Македонија
-
62 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје
-
Иницијативата за протоколот со Бугарија пред уставните судии по летните одмори
-
Османи: Автономијата во одлучувањето е духот на Охридскиот договор