Одземени близу 7.000 парчиња пиротехнички средства, лишени од слобода три лица
Полициски службеници од Полициското одделение Галате вчера во три трговски објекти во гостиварските села Неготино и Добридол пронашле и одзеле вкупно 6.964 парчиња разновидни пиротехнички средства, информираат од СВР Тетово.
По акцијата лишени од слобода се три лица.
- Во периодот од 16 часот и 50 минути до 19 часот и 10 минути ги лишиле од слобода И.Д.(61) со одземени 3826 парчиња и Х.Ј.(49) со одземени 2895 парчиња, двајцата од Неготино и го привеле Г.Р.(60) од Добридол со одземени 243 парчиња, вели Марјан Јосифовски, портпарол на СВР Тетово.
Пронајдените пиротехнички средства се фотодокументирани и по целосно документирање на случајот против трите лица ќе следуваат соодветни поднесоци.
Во последните две акции во Полошкиот регион одземени се над 15 илјади парчиња притехнички средства, најмногу петарди, мали огномети и слично.
Ново на Сител
-
Извлечено четвртото тело од Вардар, наредена обдукција
-
Александар Камбовски е нов претседател на Судскиот совет
-
Спречен организиран криминал со половни возила, поднесени 24 кривични пријави
-
ОЈО Битола ќе истражува за мртвата мечка - Сашо Данго нема дозвола за оружје
-
Затворен мостот на Вардар кај Башино село во Велес
-
МОН денеска ќе ги префрли 120-те милиони денари на ЈСП за бесплатен превоз на студентите
-
Ќе растат платите во Здравството
-
Пуштена во употреба спортската сала во Радовиш