Одземена лиценцата на „Беса Травел“

Министерството за економија денеска ја одзема лиценцата на туристичката агенција „Беса Травел“, објави министерот за економија Крешник Бектеши на неговиот Фејсбук профил.
– По барање на Министерството за економија, Државниот пазарен инспекторат има извршено три вонредни инспекциски надзори во просториите на субјектот ДТППУ БЕСА ТРАНС БТБ ДООЕЛ експорт –импорт со адреса: село Рашче, Општина Сарај – Скопје, подружница БЕСА ТРАВЕЛ со адреса улица Стив Наумов број 2/2-3 Скопје, при што е констатирано дека истиот не обавува дејност, односно не работи. Државниот пазарен инспекторат, постапувајќи по наше барање, има доставено известување бр. 09-26-51 од 11.01.2021 година со кое информира дека правниот субјект не обавува дејност, односно канцелариите се затворени и во истите не може да се изврши инспекциски надзор па како министер за економија донесов решение за одземање на лиценцата, пишува Бектеши на Фејсбук.
Од ресорното Министерство ги повикуваат сите граѓани да проверат со кои туристички агенции патуваат, односно дали имаат важечки лиценци за работа издадени од Министерството за економија.
Бектеши вчера на прес-конференција најави дека ќе и биде одземена лиценцата на оваа туристичка агенција. Со оваа туристичка агенција патуваа 45-те македонски државјани кои враќајќи се од Истанбул загинаа во автобуската несреќа што се случи во близина на Софија во соседна Бугарија.
Ново на Сител
-

Над 60 дoмаќинства без покрив над глава по излевањето на Зајаска Река во Кичево
-

Доколку Радев стане премиер на Бугарија, се очекува уште позаострен дијалог со Македонија
-

Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-

Кичево под вода
-

Партиски игри го кочат стартот на анкетната комисија
-

Касами, Меџити, Сали и Фетаи се поблиску до формирање на партија ВРЕДИ
-

СДСМ бара повлекување на законот, ВМРО-ДПМНЕ тврди се прават реформи за поправање на грешките од минатото
-

Камионџиите чекаат решение од ЕУ: Времената мерка може да го олесни престојот
