Македонија
17. May 2025 - 17:07

Одземена биста од гробиштата во Бутел

Скопјанец пријавил дека била одземена биста со ликот на неговата почината мајка од гробиштата во Бутел, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи.

- Вчера во 10 часот во СВР - Скопје, Д.П., 67-годишен скопјанец, пријавил дека во периодот од 1 февруари до 14 мај, од гробно место од Градските гробишта - Бутел, со употреба на сила и погоден алат, одземена била биста со лик на неговата почината мајка, појаснуваат оттаму.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.