-->
-->
Одржана првата од серијата трки на плажа 2017
-->

Со трката крај Вардар во Скопје, започна серијата трки на плажа, Beach Run 2017.
Во првата од петте трки на 5 км најдобри беа Адријана Поп Арсова, Марго Бојаџиева и Весна Кираџиева кај девојките, додека во машка конкуренција најдобрите тројца на победничкиот подиум се Муџахид Мислимоски, Кокан Ајановски и Игор Јакимовски.
Во екипна конкуренција, најдобри беа тимовите на NRC - Nike + Run Club кај девојките и MC Running Team кај машките.
Следниот викенд, во недела на 9 јули, продолжува летната лига во трчање на плажа, а овој пат карванот се сели во Претор, на брегот на Преспанското Езеро.
Пријавувањето за учество на трките е отворено и секој кој сака да учествува на една или сите останати трки од серијата, може да се пријави на веб страната www.prvdovrv.mk.
Летната серија трки на плажа се одржува во текот на јули во Скопје, Претор, Дојран, Маврово и Охрид, а на крајот од серијата, покрај победниците на секоја од трките, ќе бидат прогласени и победниците во вкупен пласман.
Beach Run 2017 е во организација на здружението за спорт и рекреација Прв до врв, во соработка со локалните самоуправи и со поддршка на деловната заедница.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Владата и синдикатот пред договор
-

Филипче пресмета од каде да се скрати за да се најдат пари за минималец од 600 евра
-

Потресни сведочења на пожарникарите за кобната вечер во “Пулс”
-

Пронајдена голема количина на марихуана - полициската акција се уште е во тек
-

Министерката за образование не верува дека има пропусти со извезувањето мозочни ткива во САД
-

Се уште нема приведени за протестите за одземените возила
-

МАНУ анализираше какви кандидати за судии и обвинители ќе се примаат
