-->
-->
Одржан првиот Телеком Мастерс турнир во пинг понг за јуниори
-->

Првиот Телеком мастерс бодовен турнир за јуниори организиран од Пингпонгарската Федерација на Македонија и Пинг-понгарскиот клуб „Младост 96“ од Прилеп , се одржа во спортската сала при СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп.
На турнирот учествуваа 24 натпреварувачи во машка конкуренција и 12 натпреварувачки во женска конкуренција.
КОНЕЧЕН ПЛАСМАН
ЈУНИОРИ
1 место: Александар Рикалоски ППК Младост 96 - Прилеп
2 место: Дамјан Стојчев ППК Шампион ФА - Штип
3 место: Леонид Гошев ППК Винспин - Виница
4 место: Иво Мартиновски ППК Студент - Скопје
ЈУНИОРКИ
1 место: Ива Димитриевска ППК Рисови - Скопје
2 место: Ана Стојановска ППК Крива Паланка - Крива Паланка
3 место: Бојана Михајловска ППК Рисови - Скопје
4 место: Мила Штркова ППК - Шампион Фа - Штип
Во финалните натпревари посебно интересен беше натпреварот кај јуниорките каде што Димитриевска во изедначена и неизвесна борба успеа со 4:3 да ја совлада Стојановска.
Кај јуниорите фаворитот Рикалоски со 4:1 го совлада Стојчев.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Туск: Орбан е решен да продолжи да ја блокира помошта за Украина
-

Захарова: Нападот врз иранското пристаниште Бандар-е Анзали ги погоди економските интереси на Русија
-

16-годишник со пиштол се заканувал на свој врсник по расправија за девојка
-

Четири мотоцикли изгореле во пожар во Прилеп
-

Велосипедист повреден во сообраќајна незгода на излез од бензиска
-

Честитка од претседателот на Собранието Гаши по повод Рамазан Бајрам
-

ВМРО-ДПМНЕ: Законот важи за сите
-

СДСМ: Нема пари бидејќи ги крадат
